Често поставувани прашања
Регистрацијата е бесплатна и не е задолжителна, но регистрираните корисници имаат брз пристап до дополнителни бенефити:
- Заштедување на време преку брз шопинг (checkout) веќе од наредното пазарење како и меморирање на адресата за испорака за идни купувања.
- Статус на нарачка: полесен пристап и преглед на минати нарачки и фактури.
- Оценување на производите.
Доставата на производите се врши преку курирска служба (Еко Логистик) која ја врши дистрибуцијата на производите.
Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена за достава.
Рокот на испорака е 3 работни дена. Сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во следниот работен ден. Доставата може да се одложи 1 до 2 дена поради временски непогоди, неработни денови и празници, како и останати фактори кои не зависат од нас.
Доставата е бесплатна за сите нарачки чија вредност е над 3000 ден. За сите други нарачки цената за испорака e 150 денари.
кuferi.com не врши испорака надвор од државата.
Плаќањето за вашата нарачка можете да го направите при примањето на пратката исклучиво во готово.
Потребно е да се наведе телефонскиoт број, за да можеме да ве контактираме во врска со одредена нарачка и/или испорака и/или за враќање на производот.
Доколку сакате да ја промените или откажете вашата нарачка Ве молиме да не контактирате преку контакт деталите на нашата веб страна. Доколку производот е веќе испратен, не можеме да ја откажеме вашата нарачка.